Со воведно излагање на македонскиот претседател Бранко Црвенковски, во Охрид започна работниот дел на Самитот на претседатели на држави од Централна Европа.


Централни теми на Самитот ќе бидат Проширувањето на ЕУ и Влијанието на тој процес врз националните економии и енергетските перспективи на Балканот. Во тој контекст, претседателот Црвенковски во своето воведно излагање истакна дека Македонија е цврсто посветена на евроатлантските интеграции. Македонија со право очекуваше покана на Самитот на НАТО во Букурешт, но поради индивидуалниот интерес на една земја која билатералниот проблем го наметна како колективен, поканата не беше врачена, рече Црвенковски. Тој посочи дека постои опасност истиот проблем да се повтори и во процесот за приближување кон ЕУ, што според него сериозно може да ги проблематизира придобивките од долгогодишниот процес на стабилизирање на Балканот. Црвенковски во своето излагање го истакна напредокот на земјите од Западен Балкано, но како што рече, сеуште постојат одреени ризици кои не смеат да бидат потценети. Косово е прашање за кое и ЕУ нема заеднички став, напомена Црвенкобски кој истакна дека Македонија како непосреден сосед  е силно заинтересирана на својата северна граница да има трајно стабилна состојба.


 
Учесниците на Самиот ги поздрави и премиерот Никола Груевски, кој се осврна на достигнувањата на македонската демократија и евроатлантските интеграции. Ние сме мала земја и  потребна ни е поддршка за да станеме дел од ЕУ и НАТО, за што земјта макотрпно и одлучно ги спроведува потребните реформи и контрибуира во развојот на мирот и стабилноста во регионот, рече Груевски.

Самитот продолжува со излагање на турскиот претседател Абдула Ѓул кој на Самитот учествува како гостин, по што ќе биде отворена расправа по темите предвидени за дискусија. На Охридскиот Самит ќе се дискутира за Проширувањето на ЕУ и Влијанието на тој процес врз националните економии и енергетските предизвици, а ќе се дискутира и за актуелни проблеми во регионот.

ohridnews