Ветото на Грција на приемот на Македонија во НАТО е неевропски потег смета  чешкиот претседател Клаус. Тој како што беше соопштено на брифингот за новинари, на билатералната средба со македонскиот претседател Црвенковски, истакнал дека не го разбира ветото на Грција и дека тоа всушност претставува блокада на европските процеси.

Клаус рекол дека е стратешка грешка  Албанија да биде поканета а Македонија да не добие покана за НАТО и дека тоа може да влијае на безбедноста на регионот.

Според Клаус Македонија мора да направи се за да го реши проблемот со името зошто може да се соочи со проблем како во Букурешт и на патот за ЕУ. Доколку не биде решен проблемот Македонија иако меѓу првите во регионот потпиша договор за пристапување кон ЕУ, може да се случи во ЕУ да влезе со последните земји.


Самитот на претседатели на државите од Централна Европа официјално заврши со излагања на учесниците  за енергетските прспективи на регионот, по што се очекува претседателот Црвенковски да ги соопшти заклучоците од средбата во Охрид.

Следниот Самит ќе се одржи во Србија во 2009 година.

ohridnews