Спортската легенда на Охрид Александар Леко Радиќ, таткото на маратонското пливање и творецот на плејада врвни пливачи и спортисти, е добитник на највисокото општинско признание за 2013 година – Наградата за животно дело „Св. Климент Охридски“ – патрон на Охрид.
-Оваа награда ми е најдрага и ми значи најмногу, затоа што е признание за се што сум направил до сега во животот.-изјави Леко Радиќ во емисијата „Охридски разговори“ што се емитува на OhridNews. Во емисијата тој се осврнува на животниот пат, почетоците на спортската кариера, успесите и предизвиците. Отворено говори за спортските легенди, пливачките шампиони, за подемите и падовите на охридскиот спорт.
OhridNews