Песни од четири млади охридски поети  се дел од неодамна објавениот Меѓународен зборник Поезија на македонски јазик „ Симфонија на срцето“.

Во зборникот кој содржи поезија и од автори од Србија, Австрија, Германија, Австралија за прв пат се најдоа и по две песни од охридските поети: Томчо Алексоски, Маја Мојсова, Жаклина Ристоска и Наташа Митреска од Велгошти.

Како поет кој подолго време се занимавам со пишување поезија,моето учество во Меѓународен зборник од ваков тип ме прави навистина среќен и ми дава дополнителен елан да продолжам понатака со творење. Имам учествувано на повеќе поетски манифестации,меѓу позначајните е Наш конкурс во рамките на емисијата Семејна Палета, подоцна Семејно Матине која се емитуваше на МТВ на која на државно ниво ја добив втората награда за необјавена песна. Ова е мое прво искуство,да учествувам во врвен и елитен зборник,каде моите мисли и чувства за љубовта се пред читателите и на меѓународно ниво, вели поетот м- р Томчо Алексоски.

Издавач на Меѓународниот зборник „ Симфонија на срцето“ 2014 е Здружението за наука и култура НОВА.

OhridNews