Ова лето традиционалниоТ летен Охридски одмор ќе си го поминеме низ Холандија и дома со визуелизација.
Веќе во март се повлековме од идејата и немавме езерски илузии. Во меѓувреме се појави надеж, функционираме скоро нормално во Холандија и по државите се намулава стравот и има повеќе слобода. Македонското црвено срце чукаТ: „Да, идаме!“ Но, со толку променливост, несигурност? Се работит за здравје, што ако се случи нешто, едноставно здравиот портокалов разум вели: подобро моментално не.
Охрид е и онака 24/7 интимно во близина, во домашната галерија. Секој еден што ќе дојде кај нас после првиот чекор од влезната врата веднаш од лева страна добиваТ пријатен уметнички поздрав од Свети Јован Канео. Кревка слика, со слатки бои. Од нашиот нежен и полн со диви градби Охрид.
После вториот чекор од лева страна се придружуваТ една силна и љубезна Македонкса пеперутка. Поздрав од Охридските кумови.
Кај скалата имаме едно малечко дрвено охридско споменче: рибарска куќа со кајче. Мини поздрав. За мало потсетување.
Кон првиот кат е ставена посебна изработена вредна слика од Свети Наум, спомен од нашата крштевка и свадба.
На таванот имаме еден скромен музеј со автентични македонски работи, подароци од блиски и разни сувенири од светот.
Ако се вратиме долу во кујната. Тука имаме на табла со магнети помеѓу семејните агенди (типично Холандски), школски изјави, општински писма и пораки од спортските клубови, само две/три македонски разгледници.
Во днената соба ја ставивме најубавата охридска слика. Впечатливо во центарот на домашно внимание. Гостите се секогаш сведоци на оваа златна рамка. Не треба повеќе зборови. Сликата си го кажува своето.
Ќе ни недостасува многу фамилијарното и пријателското дружење, плажирање и кафето во народните и неколку концесионерски плажи, прошетки низ заборавени селциња по планините, ама најважно е здравјето. Чувајте се и вие, пазете се. Со надеж за (скоро) видување Охриѓани.
Влатко, Амстердам
*Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите