Поради постоење основано сомнение дека е сторител на кривично дело ,,Лихварство“, Секторот за внатрешни работи Охрид до Основното Јавно обвинителство во Охрид, поднесе кривична пријава против лицето Ј.К. роден 1975 година во Охрид.
Пријавениот, кој неовластено се занимавал со давање пари на заем и договарање несразмерна имотна корист, ја искористил тешката финансиска состојба на лицето Љ.П. од Охрид, му позајмил 1000 евра и договорил несразмерна имотна корист од месечна камата од 20 проценти. Истиот, потоа, еднострано односно самоволно утврдил неделни и дневни камати од 500 до 1000 евра или за 150 до 300 проценти повисоки од претходно договорените. Со тоа, на пријавениот, во периодот од втората половина на 2006 година до август 2008 година му биле исплатени односно дадени околу 13.ооо евра и повеќе вредни предмети сопственост на оштетениот. Тој, често го принудувал Љ.П. да си ги продава своите лични вредни предмети а во повеќе наврати самоволно му одземал одредени производи и делови од покуќнината. Како гаранција дека ќе си ги наплати своите нереални побарувања, пријавениот на Љ.П. му го одзел и неговото патничко моторно возило марка ,,Опел Омега“.
Пријавениот Ј.К. веќе подолго време неовластено се занимавал со давање пари на заем и стекнувал несразмерна имотна корист, за што во 2002 и 2003 година бил пријавуван. Од страна на службата биле поднесувани соодветни пријави.
ohridnews