Јавното претпријатие „Охридски комунаец“напредува во собирањето пари што му ги должат граѓаните за подигнување на отпадот. Досега е постигната наплата од преку 80 проценти, а останатите 20 проценти физички и правни лица кои не ги имаат подмирено дологовите за ѓубретарина во континуитет се опоменуваат .
„ За жал, принудени сме да вршиме и присилна наплата, таму каде што нема ефект опоменувањето. Ова ни е дозволено со Законот за јавни претпријатија“, вели Сашо Алчев од „Охридски комуналец“. Според него, годинава е зголемена и наплатата кај сопствениците на викенд становите. „Минатото лето имавме мал процент на наплата кај викенд становите, но годинава, преку опомени и тужби успеавме да ги добиеме парите што ни ги должат сопствениците за извршените услуги“, додава Алче.
Претпријатието се соочува и со определен процент граѓани кои живеат на работ од егзистенцијата и кои не ги подмируваат долговите.Оттаму е покрената иницијатива, на корисниците кои примаат социјална помош, да им се одземе од надоместокот за подмирување на јавните давачки.
Ohridnews