Екипите од Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ започнаа акција за подигање на зелен отпад и одржување на јавните површини во зимски услови.

Акцијата за подигање на зелен отпад се одвиваше во Урбаната заедница 14-Радојца Новичиќ. Поради обемноста на заедницата екипи на ЈП „Охридски Комуналец“ ќе работат и наредните денови.

Со екипирање на сите дежурни служби и механизација јавното претпријатие започна со реализација на програмата за зимско одржување на територија на Општина Охрид. На повеќе локации (Стар град, Урбана заедница Гоце Делчев, село Елшани, село Долно Коњско и по сите воспитно образовни институции) депонирани беа вреќи со сол и ризла, за нашите служби да ги користат кога ќе биде потребно.

OhridNews