Уште од раните утрински часови, вработени од јавното претпријатие „Охридски комуналец“ ги расчистуваат коловозите и тротоарите од наврнатиот снег. Коловозите се посипуваат со абразивни средства, а чаршијата, пристапните патеки во стариот дел од градот и тротоарите во централното градско подрачје, рачно се расчистуваат.

  • Заради обилните врнежи ситуацијата будно се прати бидејќи повторно се создава нова покривка и се делува во повеќе наврати. Екипите цел ден ќе бидат на терен и активно ќе го расчистуваат снегот според приоритет, велат од јавното претпријатие.

Оттаму апелираат до граѓаните и самите да придонесат во рамките на своите можности и да помогнат во расчистувањето, а воедно ги потсетуваат дека нивна законска обврска е расчистување на површините пред нивните станбени и деловни објекти.