Деновиве во Друштвото на писателите на Македонија се одржа промоција на првата „Антологија на македонската песна во проза“ насловена „Бденија и виденија“ од Петко Дабески, во издание на „Антолог“ од Скопје, а со финансиска поддршка на Министерството за култура на Република Македонија.
Во антологијата покрај одбраните песни во проза се објавени библиографски белешки за застапените автори и студиозен поговор. Застапени се 61 автор од сите генерации. Меѓу нив се наоѓаат седуммина поети од охридско-струшкиот регион: Иван Точко, Паско Кузман, Тоде Илиевски, Славе Ѓорго Димоски, Јован Стрезовски, Бошко Смаќоски и Разме Кумбаровски.
OhridNews