Во комплексот „Македонско село“ во Нерези со пригодна церемонија, денес, беше одбележан 27 Септември – Светскиот ден на туризмот. Министерот за економија Беким Незири, кој ја отвори свеченоста, истакна дека туристичкиот сектор глобално има голема динамика, што бара брзи реакции и одговори на сите предизвици и прашања. Незири истакна дека како резултат на низата преземни мерки од страна на владата забележан е континуиран раст на бројот на туристи во Македонија.
Министерството за економија, според предлозите направени заедно со туристичките здруженија и комори, извештаите од АППТРМ за доделени субвенции, како и на комисиите кои работат на категоризација на хотели, ресторани и лиценцирање на туристички агенции, и годинава додели признанија за најуспешните туристичко-угостителски субјекти, при што акцентот беше ставен на инкаминг туристичките агенции, хотелиерите, рестораните и туристичките настани, а од оваа година се воведе уште една категорија – најдобро уредена плажа покрај езерата во Република Македонија.
Министерот Незири ги додели наградите во првите три категории, при што во категоријата „Најуспешни хотели во претходната година“, со признанија се закитија Холидеј ин – Скопје, Инекс Горица – Охрид, Аурора Ресорт & Спа – Берово, Буши Ресорт & Спа – Скопје, додека во категоријата „Нова туристичка понуда во делот на хотелиерството“, признанија освоија хотелите Изгрев – Струга, Русија – Скопје, Ибис – Скопје и Мираж – Струга. Од туристичките агенции најсупешни беа Карачи, Фибула ер травел, Вардар Експрес, Ториа и Атлас корпорејшн, сите од Скопје.
Државниот секретар на Министерството за економија Анета Димовска ги врачи признанијата на најдобрите манифестации, и тоа Звуците на чаршијата – Скопје, Фестивал „Охридско лето“, Фестивал „Браќа Манаки“ – Битола, Тетовско културно лето и Скопско културно лето, а признанијта за најдобро уредена плажа ги добија Општина Дојран, Општина Ресен, Голден Бич -Охрид, хотел Дрим – Струга и Версус од Струга.
OhridNews