“Се запознавме со момчето, ми се претстави дека се вика Аднан. На почетокот се беше прекрасно, тој е многу упорен, слаткоречив. По извесно време дружење ми вети брак, деца и заедничка иднина. Потоа спомна дека има болна мајка и дека му требаат пари за да плати струја, за да врати некои долгови, за лекови. Ги зеде парите и повеќе не го видов” , вели во својата исповед жената со која контактираше нашата редакција. “ Немам докази и затоа не го пријавив во полиција. Мојот случај не е единствениот, уште многу други жени кои престојувале во Охрид ја имаат доживеано сличната судбина. Мене ме запозна лично, но голем број од нив и преку интернет. Го има на многу социјални сајтови каде ги пронаоѓа жртвите. Од едни позајмува пари, а на други ги троши, а во сето тоа учествува и неговата мајка”, вели оваа жена. “ Навистина би била среќна ако оваа моја исповед послужи како предупредување на други кои можат да дојдат во искушение и да ја доживеат истата судбина”, додава жената која себеси се претставува како жртва на измама.
Од СВР- Охрид велат дека до сега немаат информации за ваков или сличен пријавен случај.