Заедничката македонско-италијанска комисија за транспорт на средбата се одржа во Охрид  договори македонските транспортери да добијат дополнителни 1000   меѓународни дозволи за Италија, со што вкупниот број дозволи од сегашните 3500 се зголемува на 4500.

Договорената квота ќе важи за наредната година, појасни раководителот на Секторот за транспорт при македонското ресорно Министерство Бранко Петковски.

На средбата во Охрид станало збор и за отворање на седум редовни автобуски линии до Италија, за што како што беше речено постои интерес кај македонските превозници.

Според директорот на Секторот за меѓународен транспорт на Италија Камило Лобина договорените мерки ќе придонесат кон унапредување на  економската соработка на Македонија со Италија.

Состанокот на заедничката македонско-италијанска комисија за транспорт  завршува утре кога се очекува да биде  потпишан договор за постигнатите решенија.

Г.М.