Боксерот Ферит Хоџа од охридскиот клуб Алексо Огненовски освои сребрен медал во националниот дрес во кадетската категорија на „Петровград Купот“ кој се одржа во Зрењанин, соседна Србија.
Членот на клубот од Охрид претрпе пораз од домашниот боксер Страхиња Карабеговиќ во финалето после судиска одлука 2-1, откако регуларниот дел од борбата заврши без победник.
- Успехот на турнирот и медалот од Хоџа му го посветуваме на прерaнo пoчинaтиoт грaдoнaчaлник Јoвaн Стoјaнoски кој беше наша голема поддршка. Адио Шампионе ! .- стои во соопштението од охридскиот клуб.
Со завршувањето на турнирот во Србија завршија и активностите на македонската репрезентација и охридскиот боксерски клуб кој му посакува среќни празници и среќна и бериќатна 2019 година.
OhridNews