Седумте сопруги на претседатели кои престојуваат во Охрид како спомен со себе ќе понесат уникатно изработен охридски бисер од дуќанот на стариот мајстор Климент Талев. Протоколот од Самитот на претседатели уште пред неколку недели договорил првите дами да го посетат дуќанот на Климент Талев во старата охридска чаршија.
охридски бисер за првите дами
„Речиси и да нема поголем настан во Охрид, а учесниците, односно политичарите или нивните сопруги да не дојдат кај мене“, ни изјави Климент Талев. Тој на сопругите на претседателите ќе им понуди повеќе видови накит изработен од охридски бисер. „Ќе им понудам се’, а што ќе одберат ќе видиме“, ни рече Талев.
Ги подготви бисерите за сопругите на претседателите – Климент Талев
Во рамки на дамската програма сопругите на претседателите денеска ќе ги разгледаат културно историските знаменитости на Охрид.
ohridnews