Македонската амбасадорка во Велика Британија, Н.Е. Катерина Ставреска, за време на неодамнешната посета на Бакингемската палата на неговото височество, кралот Чарлс Трети, му врачи пригодни подароци од етаблирани брендови со традиција, чии производи се културен амбасадор на земјата низ целиот свет.
Меѓу другото, кралското семејство на подарок доби уникатен накит од познатиот изработувач на Охридски бисер и филигран Мишо Филев, специјално изработен за оваа пригода.
За неговото височество, кралот Чарлс Трети, беа изработени копчиња за кошула од бисерни плочки гравирани со иницијали со посебна рачна техника и поставени во украсна филигранска уметничка контура.
За нејзиното височество, кралицата Камила, се изработи бисерен ѓердан во три реда со брош од бисерна плочка гравирана со ликот на кралицата на основа од оникс поставен на филигранска уметничка контура.
Брендот “Охридски бисер и филигран – Филеви Т.М.1928” изразува огромна благодарност за довербата и честа која ни беше укажана за овој величествен чин да биде избран токму нашиот луксузен заштитен и сертифициран бисерен накит кој специјално го изработи со огромна љубов, почит и позитивна енергија, Михајло Филев изработувач на оригинален охридски бисер од четвртата генерацијаи почесен конзул на Р. Србија во Македонија со седиште во Охрид.
На средбата во Бакингемската палата, амбасадорката Ставреска го истакнала пријателствотото на двата народи, а срдечната средба која се одржала според строгите кралски протоколи е овековечена и со видео запис.
Охридски бисер и рачно изработен накит од „Филеви Т.М.1928“ за кралот и кралицата на Британија
Г.М.