Издавачката куќа “Феникс“ ја објави “Антологијата на македонскиот современ расказ“, со предговор и избор на доцент м-р Христо Петрески, во која се поместени дела и на автори од Охрид.

Во Антологијата се застапени триесет и три автори, меѓу кои и: Венко Андоновски, Славе Ѓорѓо Димоски, Димитрие Дурацовски, Игор Исаковски, Трајче Кацаров, Ермис Лафазановски, Владимир Мартиновски, Митко Маџунков, Блаже Миневски, Божин Павловски, Јован Павловски, Александар Прокопиев, Гоце Смилевски, Оливера Ќорвезироска и други.

Куриозитет на оваа антологија е тоа што сите застапени раскази се во избор на самите автори, па токму затоа и не случајно составувачот во предговорот ја нарекува “Антологија на (само)избраните“.

Оваа антологија е објавена во Библиотеката “Тренд“, во која составувачот Петрески претходно ги публикуваше и хрестоматските избори “Македонска филмска критика“ и “Македонска театарска критика“.

“Антологијата на македонскиот современ расказ“ содржи триесет и три најубави раскази и претставува убав осмомартовски подарок. Промотивната цена на антологијата за празникот Осми март, во книжарниците на Феникс, ќе биде 150 денари. 

OhroidNews