Заврши обележувањето на атлетската патека на  “СРЦ „Билјанини извори “ во Охрид  со што финализиран е прокетот вреден околу 500 илјади евра на АФМ, МОК, ИААФ и Агенцијата за спорт и млади. Атлетската патека е изградена по сите стандарди на Светската атлетска федерација со осум патеки по што  Македонија, ќе може да биде домаќин на бројни меѓународни натпревари. Првиот таков митинг ќе се случи на 19 мај.


–    До посетата на Бубка и одржувањето на меѓународниот атлетски митинг остана да се уреди внатрешноста на стадионот и да се направат сегметите за ѓуле и диск – вели Иван Цветкоски директор на митингот Охрид 2010.


Поранешниот светски рекордер во скок со стап и еден од најдобрите атлетичари на светот на сите времиња, Сергеј Бубка, ќе биде гостин на Атлетската федерација на Македонија и  ќе биде промотор на митингот на кој ќе учествуваат  атлетичари од земјите од нашето опкружување


За време на престојот во Охрид,  Сергеј Бубка ќе оствари средба со охридскиот градоначалнник и претседателите на балканските атлетски федерации,  по што заминува  за Рио де Женеиро на првиот состанок на координативната комисија на ИОК за ОИ во 2016 година кои ќе се одржат во познатиот бразилски град.

Ohridnews