Охридската тенисерка Ана Стојановска со одличен пласман на Мастерс турнирите кои се одржанаа во Скопје.
Имено, изминатиот викенд во ТК ЈУГ Скопје се одржа Мастерс турнирот за најдобрите 8 jуниори и jуниорки до 18 години од државава.
Одличен пласман оствари Ана Стојановска од ТК Охрид која го освои одличното второ место, а во финалето изгуби од Катја Ивановска од ТК МТП со 63, 61.
Веднаш потоа, од 22-24 октомври, во ТК ЈУГ Скопје се одржа и Мастерс турнирот за најдобрите 8 мажи и жени, каде 17-годишната Ана Стојановска, исто така, оствари добар резултат, пласирајќи се на 5-то место.
OhridNews