Предизборната политичка битка се разгорува и на локално ниво. По серијата јавни обвинувања на ВМРО ДПМНЕ за злоупотреби во јавните претпријатија, партиски вработувања и лошо управувана локална самоуправа, општинската организација на СДСМ реши да реагира.
Социјалдемократите за денеска најавија прес конференција на која како што ни најавија ќе бидат изнесени аргументи за работењето на општината и јавните претпријатија на чие чело се кадри од партијата и коалицијата ЗА Македонија заедно.
Неодмна портпаролот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Бичиклиски го прозва директорот на МЈП „Проаква“ Бранислав Трпчески дека како координатор на изборниот штаб на СДСМ во 5-та ИЕ, врши злоупотреба на функцијата со вработување на 180 партиски членови. Трпчески ги демантитараше ваквите обвинувања како неосносвани и обид за дефокусирање на јавноста од вистинскиот проблеми како што е изградбата на водоснабдителниот систем за Охрид и Струга во времето на ВМРО ДПМНЕ, кој според директорот на „Проаква“ е промашена инвестиција од 9 милиони евра.
Изброната трка започна.
ohridnews