Екипи на јавното комунално претпријатие од Охрид и волонтери од училиштата денеска ќе отпочнат со чистење од пластичен отпад на најзагадените локации во Охрид. Чистењето ќе започне од  плажата Далјан, по што акцијата ќе се пресели во Струга.


Акцијата се реализра во склоп на Неделата на рециклирање во чии рамки се предвидени едукативни кампањи  и забави во кафетериите, дискотеките и плажите на кои ќе се промовира концептот на рециклирање преку дистрибуција на флаери.

Во текот на целата недела ќе се делат едукативни брошури на штандовите лоцирани на две локации на плоштадот во Охрид и кај Чинарот. Проектот  кој се спроведува под мотото „За чиста охридска ривиера“ е поддржан од  УСАИД во партнерство со Општина Охрид, Охридски Комуналец , Општина Струга и Мнистерството за животна средина и просторно планирање.


Охрид, како што веќе пишувавме е една од 20-те македонски општини што е вклучена во Проектот за рециклирање на пластика поддржан од Американската агенција за меѓународен развој-УСАИД.Имајќи предвид дека во екот на туристичката сезона градот го посетуваат голем број домашни и странски туристи со што  е зголемена употребатата на ПЕТ амаблажата, активностите на проектот ќе се фокусираат токму на ривиерава. Затоа ЈП „Охридски Комуналец“ на повеќе локации, наречени еколошки острови, има поставено специјални контејнери за одлагање ПЕТ амбалажа која подоцна се пресува и складира по што ќе биде превземена од компании за рециклирање пластика, изјави Сашо Алче, координатор на проектот.


Стартува проектот за почиста охридска ривиера

Целта на проектот во кој УСАИД инвестираше 1,2 милиони долари, е создавање механизми за примарна селекција и рециклирање на пластичен отпад, основање мрежи помеѓу компаниите заинтересирани да се вклучат во спроведувањето на процесот на рециклирање, поддршка на институциите на локално ниво за обезбедување на потребната инфраструктура а посебен акцент ќе биде ставен на активностите за подигнување на јавната свест.

Ohridnews