Охридската публика, утре, 7-ми октомври, ќе има можност да го погледне филмот „Нешто слатко“ во НУ Центар за култура „Григор Прличев”-Охрид со почеток во 20.00 часот. Очекувајте „Нешто слатко“ со актерите Сашко Коцев и Јелена Јованова.
„Нешто слатко“ е полн со збунетост, забавни заплети и пресврти, каде кариерата на Каја – организаторка на маркетинг конференции виси на конец кога нејзиниот главен адут Аце Мајсторовски – маркетинг гуру од Македонија го пропушта својот лет. За да се избегне катастрофа таа му наоѓа замена – локален слаткар кој што личи сосема на него.
Цена на картата е 150 денари.
OhridNews