Во пресрет на новогодишните празници охридската поп – рок заедница ќе се собере во култниот плажа бар „Куба либре“.

На средбата што ќе се одржи во вторник, 24 декември, ќе присуствуваат актуелни музичари и бендови од градот како Камелеон, No Fun, Mood Fellas, Urban Planet, НИКА, Luger, Back Door Band…

На средбата ќе има многу музика и добра дружба што гарантира одлична енергија со која музичкиот еснаф ќе ја испрати старата и ќе најави музички добра и весела 2025 година.

Настанот на кој поканети се сите кои сакаат добра музика и забава, ќе почне во 20:30 часот.

Г.М.