Поради основано сомнение дека сторил едно кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против лицето Г.Р. роден 1983 година од Дебар.


Вчера околу 18 часот, на регионалниот пат Охрид-Струга во близина на болницата „Св.Еразмо“ во патничко моторно возило марка „Мерцедес“ со дебарски регистарски таблици, сопственост на пријавениот, пронајдени се седум пакувања опојна дрога „марихуана“ во вкупна вредност од околу 4.7 килограми. Се работи за чиста и високо-квалитетна дрога сместена под хаубата во страничниот дел од моторот наменета за нарко-пазарот во Охрид. Нејзината вредност изнесува околу 3000 евра, соопшти СВР Охрид.


Во возилото, покрај приведениот Г.Р. се превезувале уште две засега непознати лица,кои, и покрај предупредувачкото пукање во воздух од страна на полициските службеници, успеале да избегаат. СВР Охрид, презема дополнителни мерки за нивно пронаоѓање.

Ohridnews