Додека во најголем дел другите ќе одмараат и ќе прославуваат за Велигденските празници, охридската полиција ќе има зголемен ангажман. Поради зголемената фреквенција во најголемиот туристички центар поголеми се и активностите на полицијата.
СВР Охрид кој ќе празнува работно по повод големиот Христијански празник Велигден, до сите православни верници упати искрени честитки за среќно и долговечно празнување на Христовото Воскресение.
„Посакуваме, столбот на нашата вера Велигден, да ја означи радоста на новиот животен почеток исполнет со чиста мисла и благороден дух а големата празнична радост да донесе здравје, радост и мир во нашите семејства.
Длабоко сме убедени дека со единство и заедничка верба во поубава иднина, градиме стабилна држава, дека процесот на демократизација е незапирлив и се базира на целосно почитување на основните човекови права и слободи и вистинските вредности во општеството.
За многу години Велигден, Христос Воскресе!“, се вели во Велигденската честитка на СВР Охрид.