Полицијата ќе биде јавен сервис за потребите на граѓаните, најави Секторот за внатрешни работи од Охрид, кој денеска ја претстави својата визија за развој. Презентацијата се одржа во рамки на  Регионалната конференција на тема  „Транспарентна и одговорна полиција“, на која стана збор за безбедносната состојба на целото подрачје што е под надлежност на Секторот за внатрешни работи.


– СВР Охрид има обврска максимално одговорно и професионално да ги извршува своите работни задачи, а притоа да се води сметка за заштита на човековите права на сите граѓани, независно нивната етничка, верска и политичка припадност, истакна помошник-началникот на СВР – Охрид Илир Жаку на промоцијата на развојната визија на секторот.  Тој додаде дека новиот пристап во работењето на полицијата веќе е препознаен од страна на граѓаните, кои забележуваатт промени во полицијата со што се јакне нивната доверба во таа институција, како сервис на граѓаните.


Секторот за внатрешни работи  – Охрид територијално ги покрива општините Охрид, Дебарца, Струга, Вевчани, Кичево, Осломеј, Зајас, Другово, Дебар и Центар Жупа, со пет полициски станици, седум одделенија, девет полициски канцеларии со униформирани полициски службеници, како и четири канцеларии за криминалистички работи.


Во работата на конференциата учествуваа претставници на МВР, СВР – Охрид, од ОБСЕ, како и на локалните власти од општините што се во надлежност на СВР – Охрид.

Ohridnews