За време на одржувањето на концертот на Лени Кравиц  на стадионот ,,Билјанини извори“ утре вечер, СВР Охрид ќе преземе низа оперативно-превентивни мерки со цел безбедно и непречено одвивање на настанот.

Во однос на сообраќајот, на ден 03.08.2008 година од 15 часот ке бидат отстранети сите патнички и други моторни возила и предмети од сообраќајните површини особено на раскрсниците на Булеварите ,,Асном“ и ,,Туристичка“ до комплекс ,,Билјанини извори“ како и во обратен правец комплекс ,,Билјанини извори“ -бензиска пумпа ,,Билјанини извори,,- булевар ,,Асном“. На овој потег нема да биде дозволено запирање и паркирање на било каков вид возила. Сите возила, од страна на сообраќајната полиција ке бидат пренасочувани према паркинг просторите кај ,, Проаква“ и рестораните ,,Билјанини извори“ и ,,Чико“ кај Бејбунар.

Заради безбедно движење и непречен проток на возилата, сообраќајот физички ке биде регулиран на сите пофрекфентни сообраќајници а посебно на булеварот ,,Туристичка“ каде се очекува зголемена сообраќајна фрекфенција.

СВР Охрид ке преземе и други мерки за  обезбедување на просторот каде ке се одржува концертот како и на  поширокиот реон каде е сместена неопходната опрема од страна на организаторот на концертот.  

СВР Охрид