Во функција на понатамошно одржување на поволната  безбедносна состојба на подрачјето на СВР Охрид, во текот на претстојната туристичка  сезона, полициските службеници поинтензивно ќе преземаат континуирани законски  превентивни  и репресивни мерки во областа на jавниот ред и мир, криминалитетот, сообраќајот и во други области, соопшти СВР Охрид.

За таа цел, ке бидат остварени контакти со претставници на Локалната самоуправа, правосудните органи, верските заедници, инспекциските служби, медицинските установи, социјалните работници, угостителите,  невладините организации, медиумите  како и со други служби. Целта е размена на информации и преземање  координирани активности за  попрецизна идентификација и сеопфатна контрола на угостителските објекти каде најчесто доаѓа до нарушување на јавниот ред и мир, утврдување на структурата на нарушителите и целосна  идентификација на раз- личните групи во локалната заедница склони кон деструктивно однесување. Посебен акцент ќе ниде ставен на интензивната соработка со граѓаните, континуирано следење и истражување на нивните безбедносни потреби и проблеми.

СВР Охрид, во содејство со инспекциските и другите служби, и во  текот на летната сезона, ќе врши зајакнати, континуирани контроли по угостителските објекти,со цел утврдување на присуствотво  на малолетници после 24 часот, точење на алкохол на малолетни лица во угостителските објекти, конзумирање алкохол на јавни места, злоупотреба  на наркотични средства и откривање на  други казниви дела  како најзначајна димензија во спречувањето на криминалитетот и негово превенирање на целото подрачје. Во откривањето на казнено-правните дела, СВР Охрид, преферира  стручна и професионална организациона поставеност, законито однесување  и доследно почитување на овластувањата и надлежностите на полициските службеници, соопшти охридската полиција.

ohridnews