По повод 9-ти Декември-Ден на превенцијата и превентивното Полициско работење, утре во големата сала на СВР- Охрид ќе се одржи пригодна свеченост.

Во рамките на одбележувањето на Денот на превенцијата, пригодни обраќања ќе имаат Командирот на Полициската станица од општа надлежност-Охрид, Добре Петрески и Претседателот на Советот на Општина Охрид, Душко Јаковчески.

Во врска со превентивното работење и одбележувањето на 9-ти Декември, ќе биде извршена презентација на активностите околу реализацијата на проектите „Превенција од дрога„ и „Превенција од трговија со деца„.

Со пригодни манифестации, денот на превенцијата ќе биде одбележан во сите полициски станици на подрачјето на СВР Охрид.

OhridNews