Специјално подготвениот штанд наречен Охридската одаја ќе биде главниот адут на македонските туристички работници на еден од најеминентните саеми за туризам во регионот, Белградскиот, кој започнува денеска.

На саемот во Белград и годинава ќе се одржи традиционалната „Македонска вечер“ на која  ќе бидат претставени македонските национални јадења и вина. На Македонската вечер ќе настапат и КУД „Отекс“ од Охрид и староградскиот охридски оркестар, а две екипи од Македонија ќе земат учество на првиот балкански гастрономски натпревар.

На  Меѓународниот туристички саем во Белград што ќе се одржи од 28 февруари до 2 март годинава, нема да се повтори скандалот со името на Македонија поради кој штандот на Македонија на неодамнешниот саем во Софија беше затворен, соопшти хотелската асоцијација на Македонија.

ohridnews