Превирањата во Новата социјалдемократска партија продолжуваат. По внатре партискиот конфликт кој настана по аферата со државниот секретар во министерството за одбрана, битката се разгоре околу легитимноста на новоизбраното раководство на НСДП во Охрид. Како што дознаваме централата го оспорува изборот на Лазо Ставрески за претседател на огранокот во Охрид бидејќи според раководството на парртијата изборната конференцција на Општинската организација на НСДП била нелигитимна, затоа што во изборниот процес учествувале надворешни членови со што бил прекршен статутот на партијата.

Новоизбраниот претседател на НСДП – Охрид важи за близок човек на пратеничката Мирјана Секуловска, до неодамна претседателка на охридскиот огранок на партијата. Таа во изјава за медиумите ниту ја потврдува ниту ја демантира ионформацијата за поништување на изборната конференција во Охрид, но најави дека набрзо ќе се изјасни за случувањата во нејзината матична партија.

Лидерот на НСДП, Тито Петковски, директно ја прозва пратеничката Секуловска доколку не е задоволна од статусот во партијата да формира фракција или да ја напушти партијата. Петковски има различни ставови и со уште еден пратеник од Охрид, Веле Митаноски, кој од поодамна пак е во конфликт со сопартијката Секуловска, токму околу случувањата во охридскиот огранок. Дека таму работите не стојат добро говорат неофоцијалните информации дека видни членови на Извршниот одбор на огранокот во Охрид, кои се и основачи на партијата незадоволни од случувањата во НСДП се повлекуваат од активно учество од политичкиот живот.

Дали случувањата во охридскиот огранок на НСДП се увертира во големата чистка во партијата, според добро упатените извори ќе покажат наредните денови во кои се очекува разгорување на внатре партиската борба во НСДП.

ohridnews