Седум домашни и пет странски компании доставија 58 понуди на Меѓународниот тендер за давање под концесија вода за производство на електрична енергија во мали хидроцентрали. Меѓу заинтересираните е и охридската компанија „Елма“ која доставила три понуди за изградба на мали хидроцентрали.
На тендерот што го распиша Министерството за економија , најмногу понуди достави австриската компанија „Energie Zotter Bau“ која е заинтересирана да изгради 24 мали хидроцентрали, а италијанската компанија „CO-VER“ учествува со осум понуди. По четири понуди имаат доставено „Purferco participation holding“ од Швајцарија и словенечката компанија „Потеза“ и.тн.
Понудите за изградба на 28 мали хидроцентрали на сливовите на повеќе реки во земјава беа јавно отворени денеска. Според условите на тендерот, компанијата која ќе ја добие концесијата за изградба на мали хидроцентрали треба во рок од една година од потпишувањето на договорот да започне со изградба, а таа да биде завршена во период од три години.Моќноста на хидроцентралите се движи од 5.123 до 90 киловати во зависност од реката. Малите хидроелектрични централи ќе се даваат под концесија на период од 20 години.
ohridnews