Поранешниот фудбалер и капитен на Охрид 2004, Сашо Ѓорески го засили новиот член во прволигашката елита Младост Царев Двор потпишувајќи едногодишен договор.
Левиот бек во Охрид на мечот со Шкупи кој заврши без победник 2-2 имаше неофицијално деби во „зелено-белиот“ дрес.
Минатата сезона охриѓанецот повеќе од успешно ги бранеше боите на штипска Брегалница, но очигледно му беше потребен нов предизвик и им се придружи на Наум Вељаноски, Антонио Крстаноски и Антониот Каланоски.
Ѓорески не беше единствено засилување кое беше промовирано во Охрид на контролниот натпревар. Новиот прволигаш се засили со Дејан Цветаноски и двајцата српски интернационалци Иван Куртушиќ и Иван Мариќ.
Ohridnews