Кичевскиот прволигаш Напредок остана без тренер откако Гордан Здравков си поднесе неотповиклива оставка и замина од клубот.


„Плаво белите“ со еден бод од три натпревари се наоѓаат на претпоследното место од табелата што ги сврстува на екипи кои грчевито ќе се борат за опстанок во продолжението од сезоната.

На мечот од 1/16 финалето во Купот на Македонија охридската колонија во Напредок ќе ја води помошникот на Здравков, Матески.

Мх.П.