– Лошиот старт на првенство не чинеше директен пласман во елитата, како и одземените бодови со Охрид кога го совладавме на гостински терен. Во продолжението од сезоната заигравме како што треба имавме добра серија без пораз, но разликата со противнците беше недостижна – рече Велјаноски.
Дефанзивецот Велјаноски со фантастинечен погодок во победа против Баби 3-1 ја заврши сезоната, а сега престои средбата “да се биде или не“ за пласман во елитата.
– Без разлика кој противник ќе ни се падне во баражот ние размислуваме само на победа. Се игра еден натпревар, на кој може се да се случи. Затоа ќе влеземе подготвени и ќе направиме се да извојуваме победа која ќе ни ги отвори вратите од Првата лига – заврши Велјаноски.
Еуромилк во бараж средбата која се игра на неутрален терен може да игра со Пелистер, Дрита или Напредок.