Каратистката од клубот „Кун-су-то“ од Охрид, Тамара Ѓурчиноска е дел од македонската карате елита, откако се закити со признание за една од најдобрите во категоријата ката-кадетки, од страна на Карате федерацијата на Македонија (КФМ).

Тамара Ѓурчиновска

За Ѓурчиноска ова е второ признание од ваков тип. Таа претходно помеѓу најдобрите беше за 2019 година.

Во 2020 година Ѓурчиноска освои два вредни медали на национално ниво. Со сребрен медал се закити во кумите (борби) во конкуренција на кадетки, а со бронзен во ката-кадетки.

Од клубот истакнуваат дека наградата и признанието на Ѓурчиноска ќе послужи за голема мотивација и уште подобро тренинзи кај сите членови, кои ќе донесат врвни резултати.

OhridNews