Охридскиот хард-рок состав The Backdoor Band замина на мини-турнеја во главниот град на Норвешка, Осло.
Како што велат охридските рокери, во оваа скандинавска земја предвидени се настапи во неколку локални клубови, каде ќе биде презентиран авторски, но и досега необјавен материјал.
Изминатиот период, бендот сними три видео-записи за авторските песни “На задна врата” “Truck & Roll” и „Лоша Навика“, а низ земјава и соседна Србија успеаа да реализираат 100-тина настапи.
Инаку, The Backdoor Band е формиран пред 3 години, а во него членуваат: Жарко Јакимоски – вокал, Лазе Фармакоски – гитара, Александар Марковиќ – бас гитара, Никола Колјушевски – тапани.
OhridNews