Охридската група „СЛЕНГ“ на 19 или 20 февруари ке настапи на домашниот избор за евровизија со темата „Генгста Оро“, која авторски ја потпишува Даниел Јовески, а текстот е на Кирил Марин.

За сценската интерпретација на темата „Генгста Оро“ се погрижија четворицата изведувачи: Cerber (Климент Србиноски), Urban Minds(Наум Размоски и Горан Гулески) и Кирил Марин, кои ќе бидат пратени од Јован Куциноски и Бојан Трајчески, кои се задолжени збогатување на сценскиот настап.


Музиката и аранжманот  е на  Даниел Јовески (SUSTAIN STUDIO) кој деновиве  го заврши мастерот за „Генгста Оро“ и е предаден на МРТВ. Сигурно многу луѓе се прашуваат зошто баш името на песната е „Генгста Оро“? Па, сакавме песната да биде најмакедоска што до сега е пратена за  избор на Евровизија која сепак ќе биде во светски тренд, всушност во неа македонски народни  инструменти се измиксани во модерен ритам(Gangsta style), велат дечките од СЛЕНГ, на кои им посакуваме успех на националниот избор за Евровизија.

Ohridnews