Охридската група Фросина со композицијата „Пиши” настапи на овогодинешното издание на фестивалот на староградска музика  „Ех, таа серенада 2024“ кој се одржа пред платото на Офицерскиот дом во Битола во организација на Јавната општинска установа Културен и информативен центар Битола.

На композицијата се потпишуваат како автор и текстописец Владимир Бунчески, додека аранжманот е на Сашо Кленкоски. На Фестивалот учествуваа вкупно 16 изведувачи на авторски композиции.

Според организаторите целта е да се збогати туристичката понуда на градот со културна манифестација која ја негува староградската музика, а за во иднина размислуваат Фестивалот да добие и интернационална димензија.

Фестивалот се одржува втора година по ред.

OhridNews