Ракометарите на Охрид забележаа нова убедлива победа во Супер лигата. Вечерва во салата „Билјанини извори“ охридските „гладијатори“ до врв ја наполнија мрежата на екипата на Бисинов Фруит Ленд совладувајќи ја со 35:18, полувреме 20:08.

Домаќинот од почеток наметна свој ритрам кој гостите не можеа да го следат. Разликата растеше од минута во минута за убедливо водство на Охрид на полувреме од +12.

Во вториот дел иста слика. Мешаниот состав на Охрид во кој шанса добија речиси сите играчи продолжи со исто темпо зголемувајќи го ионака високото водство за убедлива победа со која „гладијаторите“ стигнаа до скор 6 од 6 на стартот од првенството. во Супер лигата.

Најефикасен во редовите на Охрид беше Костов со 7 гола, еден помалку постигна Шипинкоски.

Статистика ГРК Охрид: Чаневски 9 одбрани, Ристевски 8 одбрани, Ојлески 5, Мацуока 2, Костов 7, Шипинкоски 6, Б. Ристески 1, Н. Ристески 5, Шафранко, Јотиќ 5, Куковски, Крстевски, Пешиќ 2, Орионикидзе 1, Бојаниќ 1, Цирар, Ѓорѓевски.

Охрид со 12 бода се наоѓа на врвот на табелата во Супер лигата пред гостувањето на шампионот Еурофарм Пелистер во Битола во следното коло.

Г.М.
Фото: Кристијан Данилоски