На 45-тата Државна смотра на младите истражувачи на Република Македонија  која се одржа викендов во ССОУ „Димитрија Чуповски“ во Велес, ученикот Александар Лазаревски од  II  година Гимназија под менторство на професорката по информатика Жаклина Лазаревска го освои првото место со темата “ITKLUB.COM“ од  областа Информатика – образовен софтвер.


  Охридската гимназија се закити со уште една висока Државна награда

Смотрата се  одржа под покровителство на Државниот универзитет Св.Кирил и Методиј, а главен спонзор беше Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) од Скопје. На неа со свои трудови од областа на природните науки учествуваа  голем број ученици од средните училишта во Република Македонија. Наградите на наградените ученици им ги врачи деканот на ФЕИТ.
    
Охридската гимназија на оваа смотра учествува повеќе од 22 години при што многу нејзини ученици имаат освоено врвни награди од областа на информатиката, географија и хемија. Првата награда што ја освои  ученикот Александар Лазаревски е само потврда на долгогодишната традиција учениците од оваа наша реномирана средношколска институција секогаш да освојуваат врвни награди на Државните натпревари од областите на природните науки.

Ohridnews