По обработката на сите тестови од екстерното тестирање по сите предмети во сите одделенија и години на образование, констатирана е просечна оценка на постигнувањата на учениците од 3.26  (минатата година беше 3,6).

На ниво на општина најдобри постигнувања имаат учениците од  Центар – 4,59, Вевчани – 4,58, Аеродром – 4,44,Карпош – 4,40, Кисела Вода – 4,26.

Меѓу средните училишта со највисоки оцени се наоѓа и охридската гимназија, ОСУ „,Св.Климент Охридски“ со оцена  4,02.
Од четврток резултатите ќе бидат истакнати во училиштата. Учениците ќе можат да ги погледнат оценките кои ги добиле и почнувајќи од утре 26-ти јуни, а заклучно со 30-ти јуни (вторник) ќе можат да поднесуваат приговори до Училишната комисија. При поднесување на приговорот, ученикот има право на увид во тестот.

Податоците за просечните оценки на останатите училишта ќе бидат доставени на увид до нивните основачи, односно  градоначалниците и Министерството за образование и наука.

Врз основа на обработените податоци за деветооделенците, просечната оцена за нив е 3.04. За резултатите на 9-то одделенците пристигнаа вкупно 223 приговори од кои 51 се прифатени, 144 одбиени, а 28 се делумно прифатени (кога ученикот приговарал на 5 прашања, а прифатени за корекција му се 2 прашања).

OhridNews