Министерството за образование ја објави листата на најдобри 38 средни училишта во Македонија. Листата е составена според реалните резултати постигнати на матурата, кои  во најголем дел од улилиштата отстапуваат од успехот прикажан според оценувањето на наставниците. Тоа според експертите покажува дека дел од учениците нереално биле оценувани, односно успехот на училиштето бил надуван.

Најдобро средно училиште во Македоnија е скопската гимназија „Раде Јовчевски – Корчагин“, а меѓу триесет и осум рангирани училишта од охридските средни ушилишта се најде само Гимназијата „Свети Климент Охридски“, која го завзема 17-то место. Меѓу првите десет училишта е приватното средно училиште „Јахја Кемал“ од Струга, а  пред охридската Гимназија на 15 место се најде уште едно струшко училиште „Д-р Ибрахим Темо“. Пласманот на Гимназијата во втората десетка е во најмала рака изненадување со оглед на тоа што ова училиште отсекогаш било во врвот по постигнатите раултати и успехот.

Ohridnews