По покана на Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Aпостол Павле“ , во просториите на Универзитетот директорката при ОСУ„Св Климент Охридски“, Светлана Велкоска и Проректорот за настава проф. д-р Устијана Речкоска Шикоска, со овластување од Ректорот, проф.д-р Иван Бимбиловски, потпишаа Меморандум за заемна соработка, информираат од Гимназијата.
Со овој Меморандум за соработка се уредува начинот на соработката, координацијата и водењето на заеднички договорени активности меѓу овие две образовни установи на повеќе полиња како што се: реализација на едукативна, научна, апликативна соработка како и соработка со користење на модерните трендови на информатичко-комуникациските технологии, реализација на заеднички проекти од научен, административен и развоен карактер, имплементација на најразлични облици на научно-истражувачка, информатичка и техничка помош, велат од училиштето.
Исто така, додаваат, учениците од Гимназијата, ќе можат да се вклучуваат во специјализирани предавања на факултетите на Универзитетот кои ќе бидат реализирани од наставниот кадар на Универзитетот.
OhridNews