Денот на светиот учител Св. Климент Охридски, истоименото средно училиште во Охрид оваа година поради актуелната здравствена состојба го прославува на еден поинаков начин.

Патрониот празник охридската гимназија го посвети на великанот на македонската лингвистика и литература Блаже Конески. Македонија  ја прогласи 2021 година, за година  на Конески, еден век од  неговото раѓање.

Во чест на нашиот свет учител и великанот Конески, учениците од преку видео линкови со снимени  рецитации, музички и ликовни творби се вклучија во чествувањето.

Во рамки на програмата за одбележување на Патрониот празник, учениците од Гимназија се вклучија и во одбележување на 250 години од раѓањето на Бетовен.

По повод Патрониот празник на гимназијата, се одржа традиционална ликовна изложба во чест, а издадено е и дигитално издание на весникот „Јужен бран“.

Охридската Гимназија го одбележува својот Патрон – Свети Климент Охридски

OhridNews