Со низа активности ОСУ „Св. Климент Охридски“ ќе го одбележи Патрониот празник на училиштето. Програмата започнува од денес кога во 17:00 часот во холот на Гимназијата ќе се одржи сввечено доделување на наградите од училишниот конкурс по повод Патрониот празник, а ќе биде отворена и изложба со ликовни творби.

Утре од 08:30 до 09:30 часот ќе се одржи драмска изведба „Одбраната на Сократ“ во организација на Активот по филозофија и дебата во организација на Дебатниот клуб при училиштето во холот на Гимназијата.

Во 10 часот предвиден е историски час, а од 19:30 часот во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ ќе биде одржана Свечена Академија во организација на Општина Охрид и Гимназијата, по повод Патронот на Охрид и ОСУ „Св. Климент Охридски“.

OhridNews