На територијата која ја покрива Филијалата на Комерцијална Банка во Охрид (Охрид, Струга, Ресен и Кичево) ќе бидат доделени вкупно 7 штедни книшки на новороденчиња родени на 31-ви октомври.
По повод Денот на штедењето, Стопанската Комора на Македонија и Здружението на банкарите, традиционално ги доделија наградите за најуспешните во македонското банкарство. Годинава наградата за постигнати особени резултати во вршењето на работните задачи во доменот на работењето со население е Валентина Јолеска – Тримче, вработена во Филијала Охрид на Комерцијална Банка АД Скопје.