Градскиот фудбалски клуб Охрид Лихнидос ја одбележа есенската полусезона во Третата македонска фудбалска лига. Избраниците на Драган Бочески првата етапа ја завршија со 12 победи во 13 мечеви, со предност од 15 бодови во однос на второпласираната екипа на табелата. Велешта.

Охридските фудбалери во есенската полусезона го имаа најдобриот напад и најдобрата одбрана. Фудбалерите во сино-бели дресови постигнаа 42 погодоци, а примија само 9. Во просек, екипата постигнувала по три голови во натпревар, а одбрана не примала ниту по еден.

Очекувано, најдобриот стрелец во Третата МФЛ југо-запад доаѓа од тимот на Охрид. Голгетер број еден е Никола Секулоски со 14 погодоци. Ист број на погодоци како и Секулоски има Фатон Таири од Лирија Грнчари. Шест погодоци во есенската полусезона постигна Ромео Кочоски, а пет реализираше Љубен Далчев.

Втората полусезона почнува во март месец следната година. Охрид со бодовната предност не би требало да има проблеми во заверување на првата позиција и искачувањето ранг погоре во Втората МФЛ запад.

Мх.П.