Импресивна беше посетата за претставниците на Охрид на Македонскиот православен манастир Света Петка со престолите на Свети Наум и Свети Ѓорѓи во близина на Волонгонг,што се гради во организација на црковниот одбор на црквата Свети Климент Охридски од Порт Кембла. Манастирот кој е дел на Македонската православна црква се гради на нејзин имот од 60 илјади метри квадратни со прекрасен поглед на океанот,езерото и падините околу Волонгонг, во црквата ќе има простор за 250 верници на служба, има 17 конаци за преспивање, голема трпезарија, 25 метри висока камбанарија со видиковец и слободен простор кој може да се искористи за изградба и на други објекти за потребите на Македонците кои во голем број ги има во овој регион. Според Гоце Петковски, претседател на организацискиот одбор на црквата, по осум годишна тивка изградба, остануваат уште околу две години, за црквата да биде осветена и да почне да живее со монахињи кои ќе се грижат за неа, преку веронаука ќе ги воспитуваат малдите за црковниот живот, а ќе има нудат грижа и на повозрасните Македонци пензионери. Според Петковски, кој со голема желба,верба и труд учествува во изградбата на црквата, таа ќе чини околу три и пол милиони Австралиски долари, и е од огромно значење за Македонија и Македонската православна црква, која е интересна за Македонците и другите нации кои живеат во Волонгонг.
Делегацијата на Охрид денес беше во посета и на Нан Тиен, најголемиот Будистички храм на јужната хемисфера, кој е поривлечна духовна и туристичка дестинација во регионот на Волонгонг.
Претставниците на општина Охрид престојот во Австралија го продолжуваат во Канбера, а посетата ќе заврши во Мелбурн,каде ќе биде презентиран Охрид и ќе има средби со Македонската заедница во овој град во Австралија.