Градоначалникот на Охрид,  Александар Петрески,  вчера, по завршувањето на состанокот во Владата на Република Македонија, за актуелните проблеми со Колекторскиот систем на Охридското Езеро, заминал на скопскиот аеродром “Александар Велики” и лично, ја пречекал  делегацијата на Општина Охрид, која вчера се врати од Австралија. Оваа информација, ја соопшти Одделението за односи со јавност, при охридската локална самоуправа.

Градоначалникот Петрески беше во составот на оваа делегација,  при нејзиното заминување на 9-ти март, но поради актуелните случувања со водостојот на езерото и низата политички препукувања, тој го прекина престојот во Австралија и се врати во Охрид.

Во текот на 12-дневната посета  на овој континент, делегацијата на Охрид, го претстави градот и неговите потенцијали во Сиднеј, Волонгонг, Голбурн, Квинбиен, Канбера и Мелбурн, при што ги оствари сите планирани средби. Амбасадорот на Македонија во Австралија,  Перо Стојановски ја бојкотирал  посетата на охридската делегација и избегнал  да се сретне  со неа и на 26-тата  средба на Македонско-Австралискиот комитет за човекови права,  во Мелбурн.

OhridNews